Достапни линкови

logo-print

Американски санкции за 12 Руси поради случајот Магницки


Американскиот секретаријат за финансии вчера објави санкции против уште 12 Руси поради наводно кршење на човековите права, вклучувајќи и затворски функционери кои му оневозможувале медицинска нега на човек кој разоткри даночна измама во Русија. Визни забрани и санкции според „Актот Магницки“ ги замрзнуваат сите американски средства на поединци обвинети од Вашингтон за смртта на затворениот руски адвокат Сергеј Магницки во 2009 година. На списокот се и 4 руски затворски службеници, судија, претставник на суд, истражен судија и наводни соработници во даночната измама. На списокот е и доктор Дмитри Кратов, кој беше обвинет за смртта на Магницки во 2009 година, но подоцна беше ослободен од страна на судот.
XS
SM
MD
LG