Достапни линкови

Русија и Кина не се договорија за гасот


Русија и Кина не успеаја да се договорат во врска со спогодбата за природен гас во вредност од 400 милијарди долари, на која тие работат повеќе од една деценија. Рускиот претседател Владимир Путин по вчерашната средба во Шангај со својот кинески колега Кси Џинпинг, изјави дека договорот е во финална фаза и оти преговорите ќе продолжат.
Договорот, кој се очекува да покрие период од 30 години, со години не се потпишува поради несогласувања околу цената. Претставници на Газпром изјавија дека разговорите продолжуваат без прекин, во обид да се постигне договор пред денешното заминување на Путин од Кина.
XS
SM
MD
LG