Достапни линкови

Бајден во посета на Кипар


Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска престојува на Кипар, на разговори за мировниот процес на поделениот медитерански остров и за неговите врски со Москва. Се очекува Бајден да разговара за санкциите на ЕУ против Русија поради нејзината улога во украинската криза. Ова прашање е многу чувствително во Никозија, каде што руски инвеститори имаат депозити вредни милијарди евра во кипарските банки.
Министерот за надворешни работи Јоанис Касулидес предупреди дека поостри санкции би ја уништиле кипарската економија, која веќе е погодена поради должничката криза во еврозоната.
Утре Бајден ќе се сретне со кипарскиот претседател Никос Анастасијадес и со лидерот на кипарските Турци Дервиш Ероглу.
XS
SM
MD
LG