Достапни линкови

logo-print

Македонија во чест на Свети Кирил


Македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов, од денеска ќе престојува во посета на Република Италија и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“. Активностите почнуваат со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, a претседателот Иванов ќе има средба и со државниот секретар на Светиот престол, монсињор Пјетро Паролин.
При престојот во Италија, македонскиот претседател утре ќе одржи предавање на Универзитетот „Федерико Втори“ во Неапол, а во рамки на посетата ќе биде потпишан и меморандум за разбирање меѓу овој Универзитет и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
В петок, Иванов ќе има билатерална средба со неговиот италијански колега Џорџо Наполитано, а во попладневните часови ќе го посети Италијанското здружение за меѓународни односи каде што ќе се сретне со претседателот на оваа организација Франко Фратини и ќе одржи предавање.
XS
SM
MD
LG