Достапни линкови

Ѓорче Петров - судири, флеш бомби и 27 приведени


Нереди во населбата Ѓорче Петров по убиството на Ангел Петковски.

Нереди во населбата Ѓорче Петров по убиството на Ангел Петковски.

Полицијата се судри со демонстрантите на повеќе локации во целата населба. Демонстрантите фрлаа камења кон припадниците на безбедносните сили и запалија неколку контејнери и поставија барикади на улиците. Полицијата со цел да ги растера фрлаше флеш бомби.

Десетици приведени демонстранти е епилогот од немирите во населбата Ѓорче Петров. Полицијата се судри со демонстрантите на повеќе локации во целата населба, од мостот кон Сарај до трговскиот центар „Глобал“. По должината на целата главна улица во населбата се беа распоредени полициски сили со оклопни возила.

Демонстрантите фрлаа камења кон припадниците на безбедносните сили и запалија неколку контејнери и поставија барикади на улиците. Полицијата со цел да ги растера демонстрантите фрлаше флеш бомби. Демонстрантите извикуваа и навредливи пароли кон албанската заедница. Една група од нив насилно влезе и во казиното Сенатор. Тие со палки го кршеа објектот и од него изнесуваа предмети кои ги фрлаа на улица.
Заради одредени нарушувања на јавниот ред и мир од страна на полицијата при интервенцијата беа приведени 27 лица со нив се работи и откако ќе бидат документирани делата ќе следуваат содветни пријави.

​На улиците низ населбата беа излезени и голем број на жителите кои им довикуваа на полицајците да не ги апсат младите, бидејќи тие не се криви за ништо. Протестите беа организирани во знак на револт по вчерашното убиство на 19-годишниот матурант Ангел Петковски.

Портпаролот на МВР, Иво Котевски вели дека нема повредени граѓани во протестите, кои поминале без посеризони инциденти и поголемо нарушување на јавниот ред и мир благодарение на полициската интервенција. Според него нема информации ни за некаква поголема материјална штета.

„Заради одредени нарушувања на јавниот ред и мир од страна на полицијата при интервенцијата беа приведени 27 лица со нив се работи и откако ќе бидат документирани делата ќе следуваат содветни пријави“, вели Котевски.

Според Котевски, за време на протестите биле повредени и неколку полицајци.

„До сега имаме сознанија за неколку повредени полициски службеници кои беа на терен и кои интервенираа, исто така имаме сознанија за неколку полициски возила кои беа оштетени од толпата која протестираше“, вели Котевски.

Поголемиот дел од видеоматеријалот на Радио Слободна Европа беше принудно избришан од страна на полицијата, како и на новинарите од Фокус и Новатв.

На почетокот на протестите демонстрантите ја посетија и куќата на Ангел каде во дворот запалија свеќи во негова чест и на улицата во близина на убиството поставија транспаренти со сочуство.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG