Достапни линкови

logo-print

Иванов, за поплавите разговарал со колегите од Хрватска и од БиХ


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ во денешните телефонски разговори се согласиле дека е неопходно засилување на регионалната соработка и координирана акција во справувањето со природните несреќи и катастрофи, кои се во се поголем пораст, а со цел нивна превенција и ублажување на последиците.
Претседателот Иванов во телефонските разговори со Јосиповиќ и со Комшиќ изразил жалење за изгубените животи и настраданите во невремето и поплавите кои ги зафатија двете земји.
Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, ја истакнал подготвеноста на Република Македонија да понуди помош и да ги стави на располагање своите расположливи ресурси со цел справување со последиците од невремето.
Членот на босанското претседателство Комшиќ во телефонскиот разговор посочил на ургентната потреба за помош во лекови и санитарен материјал.
XS
SM
MD
LG