Достапни линкови

Киргистан ќе и се приклучи на Царинската унија, предводена од Русија


Претседателот на Киргистан Алмазбек Атамбаев изјави дека неговата земја ќе и се приклучи на царинската унија, предводена од Русија. На прес конференција во Шангај, Атамбаев истакна дека таквата одлука била донесена од чисто економски причини. Финалната одлука за планот за приклучување на Киргистан во царинската унија со Русија, Белорусија и Казахстан, ќе биде донесена на 29-ти овој месец во казахстанскиот главен град Астана. Инаку, денеска во Бишкек, полицијата уапси 7-мина активисти кои протестираа против влегувањето на Киргистан во царинската унија.
XS
SM
MD
LG