Достапни линкови

Демонстрации против про - руските милитанти во Доњецк


Во Донецк, Украина, по иницјатива на најбогатиот човек на Украина, Ринат Ахметов се одржува протест против про-руските сепаратисти. Околу 400 активисти се собраа на спортскиот стадион во центарот на Донецк и со сирени на пладне го одбележаа почетокот на протестот.

Про-рускиот сепаратистички лидери одговорија дека тие планираат да се национализираат сите индустриски капацитети во регионот, многумина од нив во сопственост на Ахметов.

Агенцијата за бегалци на ОН денеска соопшти дека најмалку 10.000 луѓе биле протерани од нивните домови од почетокот на украинската криза.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините сили се подготвуваат да ги напуштат пограничните региони со Украина.
XS
SM
MD
LG