Достапни линкови

Охриѓани со помош за Србија и за БиХ


Ученици од Охрид донираат помош за настраданите во поплавите во Србија и БиХ.

Ученици од Охрид донираат помош за настраданите во поплавите во Србија и БиХ.

Охриѓани масовно се приклучија на акцијата за помош на настраданите подрачја во Србија но и во БиХ.

Србите се пријатели на Охрид, но и најмногубројни и најредовни гости во градот, затоа нашата помош за нив во овие тешки моменти е добредојдена, велат охриѓани кои масовно се приклучија на акцијата за помош на настраданите подрачја во Србија, но и во БиХ. На повеќе места во градот се отворија собирни пунктови, а општинските власти заедно со Црвен крст од Охрид ја спроведуваат акцијата „Охрид од срце за Србија и Босна“.
Ќе се одвои одредена сума на финансиски средства со која планираме да донираме преку 300 пакети на хуманитарна помош од различен карактер.


Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески најави дека и локалната самоуправа ќе донира за настраданите подрачја.

„Ќе се одвои одредена сума на финансиски средства со која планираме да донираме преку 300 пакети на хуманитарна помош од различен карактер. Тука ќе доминираат бебешките производи, прехранбени артикли и артикли за одржување на хигиена, рече Бакрачески.

Сашо Точков, претседател на Охридскиот Црвен крст, вели дека тие се понудиле да испратат екипи и опрема за спасување на вода (спасителни чамци, тимови на спасители, тим за проценка на хуманитарните потреби на населението и станица за прочистување на вода.

„Нашите тимови се уште се на стенд бај и доколку има потреба во координација со Црвен крст на Македонија ќе бидат испратени во подрачјата кои се погодени од поплавите“, рече Точков.

Низ поголемите супер-маркети во градот се поставени специјални корпи каде граѓаните можат да купат производи и да ги остават.
Нашите тимови се уште се на стенд бај и доколку има потреба во коориднација со Црвен крст на Македонија ќе бидат испратени во подрачјата кои се погодени од поплавите.

Автобускиот превозник од Охрид „Галеб“ до најпогодените подрачја во Србија со сопствен автобус веќе дистрибуира дел од собраната помош. Од компанијата велат дека во план е да испратат најмалку уште еден автобус.

Охридскиот музичар Дамјан Пејчиноски и еден од најдобрите гитаристи на Балканот на 21 мај во еден охридски ноќен клуб ќе одржи концерт. Предвидено е средствата од наплатата на влезниците и од купените пијалоци да се донираат директно за настраданите подрачја во Србија и Босна.

​Со својот гест многу изненадија ученици од трето шест во Гимназијата Свети Климент Охридски во Охрид. Тие на своја иницијатива собрале пари и купиле одреден број на намирници кои сакале да ги испратат за најмладите во Србија и Босна. Нивниот класен раководител Жаклина Лазаревска вели дека потегот на нејзините ученици ги изненадил сите во училиштето.

„Самоиницијативно на класен час кој што имал и што можел донесе. Собраа и пари и купија за деца памперси, влажни марамици, бебешки кремови, бебешка храна и вода.Тоа го однесоа во Црвен крст како самоиницијативно од класот без некоја желба тоа да го експонираат. Тоа е од нив од младите произлезе и е многу убав гест. Сами на класен час се организраа, но и јас ги потиканав со тоа што им реков дека е многу убаво да се направат такви работи“, рече Лазареска.

Охриѓани сами се организраа и преку социјалните мрежи па поради тоа граѓаните отворија и собирни пунктови низ градот.
XS
SM
MD
LG