Достапни линкови

logo-print

Ист број министерски места за ДУИ и за ВМРО-ДПМНЕ


Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.

Ист број министерски места, труд и социјала на чело со кадар од ДУИ, а одбрана во рацете на ВМРО-ДПМНE договориле двете партии во разговорите за состав на новата влада.

Ист број на министерски места, труд и социјала на чело со кадар од ДУИ, а одбрана во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Овам според висок извор од партијата на Груевски, засега е договорено во разговорите за состав на новата влада меѓу двете партии кои добија најмногу гласови од македонскиот и од албанскиот електорат. Истите извори тврдат дека нема да имало промени во бројот на министерски места што го имаа партиите и во претходниот владин состав.
Во однос на поделбата на министерствата поради овој хендикеп ДУИ ќе мора да отстапува во однос на тоа што значи тежина односно категорија на ресор.


Според аналитичарот Исмет Рамадани поделбата на ресорите не е едноставна и поради тоа што ДУИ не го признава легитимитетот на Иванов и ќе мора да ги избегнува позициите на кои ќе биде принудена да соработува со него.

„Во однос на поделбата на министерствата поради овој хендикеп ДУИ ќе мора да отстапува во однос на тоа што значи тежина односно категорија на ресор“, вели Рамадани.

Аналитичарот Сашо Клековски пак смета дека партијата на Ахмети ќе се обиде да добие повеќе министерски места во ресорите во кои досега не беше, во обид како што вели да го исполни условот на правична застапеност.

„Мислам дека ДУИ ќе покаже поголем афинитет кон ресорите повзани со економија, финансии бидејќи таму досега немало кадровско решение од ДУИ или пак има несодветно спроведување на некои принципи од рамковниот договор“, вели Клековски.
Мислам дека ДУИ ќе покаже поголем афинитет кон ресорите повзани со економија, финансии бидејќи таму досега немало кадровско решение од ДУИ.

Во однос на програмата извори од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека тие инистирале приоритети да бидат намалувањето на бројот на невработените и привлекување на инвестиции, наспроти како што тврдат, барањето ДУИ тоа да бидат јазични, етнички и други прашања.

Аналитичарите, пак, сметаат дека разговорите околу програмата на идниот владин состав се при крај и дека во секој случај ќе се даде акцент на евроатланската интеграција.

„Мое очекување Владата ќе има одреден фокус на правење на неопходните чекори за подобрување на шансите за прием во НАТО на самитот во септември. Зборувам за подобрување на шансите, не би сакал да се поттикнува лажен оптимизам бидејќи таму има премногу непознати за да можеме да тврдиме дека имаме реални шанси“, вели Клековски.

Инаку со доделувањето на мандатот започна да тече законскиот рок од 20 дена во кој Груевски треба до Собранието да поднесе програма и предлог за состав на владиниот кабинет. Собранието потоа ќе има на располагање уште 15 дена за да закаже седница со овие точки на дневен ред.
  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG