Достапни линкови

Во БиХ ден на жалост за настраданите од поплавите


Во Босна и Херцеговина денеска е Ден на жалост поради катастрофалните поплави кои, според досегашните податоци, однесоа повеќе од 20 човечки животи.

Одлуката за прогласување Ден на жалост ја донесоа владите на Федерацијата БиХ и на Република Српска.

Ден на жалост се одбележува со задолжително истакнување на знамето на БиХ на половина копје на зградите на државните институции.

На Ден на жалост не може да се одржуваат програми од културно-забавен карактер на јавни места, а медиумите треба да ги прилагодат и усогласат своите содржини.

Во Федерацијата БиХ настрадаа најмалку седум лица, додека во Република Српска досега се регистрирани 17 жртви од поплавите.
XS
SM
MD
LG