Достапни линкови

logo-print

Средбата Путин - Џинпинг во Шангај


Рускиот претседател Владимир Путин во Шангај ги започна разговорите со кинескиот лидер Кси Џинпинг на почетокот на дводневната посета на Кина.

Путин се надева на потпишување на мултимилијардерски договор за гас со Кина. Таковиот договор се уште не е потпишан поради несогласувања околу цената. Тој се надева дека ќе се прошири рускиот енергетски пазар во услови на влошување на односите со Европа во текот на кризата во Украина.

Путин и кинескиот претседател Кси Јинпинг исто така треба да ги надгледуваат заедничките поморски вежби во знак на растечката воена соработка меѓу Пекинг и Москва.

Во Шангај, Путин, исто така, ќе учествува во Азискиот самит за безбедност на кој ќе присуствуваат и генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, узбекистанскиот претседател Ислам Каримов и иранскиот претседател Хасан Рохани.
XS
SM
MD
LG