Достапни линкови

Шоjгу нареди повлекување на руските трупи од границата со Украина


Сергеј Шоигу

Сергеј Шоигу

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шоjгу наредил војниците да се вратат во постојаните бази по пролетните воени вежби во близина на границата со Украина.

Вчера таква наредба имаше и од претседателот Владимир Путин, но НАТО и САД соопштија дека засега нема знаци на повлекување на руските трупи од границата со Укриана.

Русија, според проценките на НАТО, распоредила 40.000 војници во близина на границата со Украина, каде про руските сепаратисти во источниот дел на земјата побараа независност.

Киев и западот стравуваат дека руските сили би можеле да се користат како поддршка на бунтовниците по руската анексија на на Крим во март годинава.
XS
SM
MD
LG