Достапни линкови

logo-print

Општина Ѓорче Петров апелира да се врати мирот по вчерашното убиство


Советот и градоначалникот на општина Ѓорче Петров изразија жалење за убиеното момче во близина на Европската очна клиника, но и загриженост за подигнатите тензии.

Од општина Ѓорче Петров ги повикуваат надлежните институции на Република Македонија, а посебно Министерството за внатрешни работи да ги превземаат сите нопходни мерки од нивна надлежност за враќање мирот и безбедноста, и заштита на животот и имотот на граѓаните.

Од општината апелираат до граѓаните да се воздржаат од било какви активности спротивни на закон и да делуваат врз било какви изливи на насилство, се вели во писменото соопштение до медиумите.

Советот и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе утврдат дополнителни мерки кои треба да се преземаат за обезбедување стабилна и безбедносна состојба на подрачјето на општината.

Ангел П. роден 1995 година вчера околу 17:15 часот е убиен во близина на Европската очна клиника во Ѓорче Петров.

Како што информира МВР, убиството е веќе расчитено, а осомничениот убиец. е приведен.
XS
SM
MD
LG