Достапни линкови

Нивото на реката Сава опаѓа


Сава

Сава

Нивото на реката Сава е во опаѓање. Во Шабац ноќта помина мирно, а во Обреновац ноќта и изутрината продолжи евакуацијата на настраданите од поплавите, соопшти српскиот Кризен штаб.
Се неведува дека одреден број луѓе одбиваат да се евакуираат и покрај апелите на надлежните.

Во Босна пак, властите соопштија дека над 25 насто од населението е под влијание на најлошите поплави што го погодиле Балканот. Повеќе од 1 милион од 3,8 милиони луѓе во Босна немаат пристап до чиста вода. Досега повеќе од 40 луѓе загинале по обилните дождови кои почнаа минатата недела.
XS
SM
MD
LG