Достапни линкови

По синоќешните тензии, во Ѓорче Петров мирно


По синоќешните немири во населбата Ѓорче Петров, состојбата утрово е мирна. По убиството на матурантот А.П., синоќа во населбата Ѓорче Петров се собраа граѓани кои во знак на револт поради убиството, предизвикуваа инциденти од порта Влае па се до седиштето на општината. Бројни противпожарни екипи навреме ги локализираа неколкуте пожари кои вечерва пламнаа по продавници и угостителски објекти, а беа запалени од толпата. Полицијата го потврди убиството, приведен е еден осомничен. Според првичните информации на убиството му претходела кражба на велосипед од дворот на семејството на убиеното момче, соопштија од МВР. Откога го забележале А.П. и неговиот татко со автомобил тргнале кон крадецот. Набрзо го стигнале, но кога се доближиле до крадецот момчето било прободено со остар предмет неколку пати во срцето, велат во МВР.
Неофицијално, осомничениот во полициска станица го потврдил делото.
Повеќе информации за убиството се очекуваат во текот на денот.
XS
SM
MD
LG