Достапни линкови

Седумнаесет мртви во сообраќајна несреќа во Индија


Седумнаесет луѓе починале во автобуска несреќа во индискиот дел на Кашмир.
Полицијата соопшти дека 30 други биле повредени кога автобусот се исклучил од планинскиот пат и паднал во длабока клисура. Автобусот патувал во текот на ноќта од Џаму до Сринагар. Причината за несреќата се уште не е позната.
Индија ги има најкрвавите патишта во светот каде што годишно умираат 110.000 луѓе. Повеќето несреќи се предизвикани од несовесно возење, лошо одржувани патишта и стари возила.
XS
SM
MD
LG