Достапни линкови

Путин во посета на Кина


Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Шангај на почетокот на дводневната посета на Кина. За време на посетата, Путин се надева на потпишување на мултимилијардерски договор за гас со Кина. Таковиот договор се уште не е потпишан поради несогласувања околу цената. Кинеската државна новинска агенција го цитира Путин кој изјавил дека подготовките за договорот за гас влегле во завршна фаза. Тој се надева дека ќе се прошири рускиот енергетски пазар во услови на влошување на односите со Европа во текот на кризата во Украина. Путин и кинескиот претседател Кси Јинпинг исто така треба да ги надгледуваат заедничките поморски вежби во знак на растечката воена соработка меѓу Пекинг и Москва. Во Шангај, Путин, исто така, ќе учествува во Азискиот самит за безбедност на кој ќе присуствуваат и генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, узбекистанскиот претседател Ислам Каримов и иранскиот претседател Хасан Рохани.
XS
SM
MD
LG