Достапни линкови

Вонредна состојба во Тајланд


Армијата на Тајланд прогласи вонредна состојба, но негираше дека се работи за воен удар. Ненадејната објава на 20 мај следи по неколкумесечните граѓански немири предизвикани од политичката корупција.
Владата предводена од поддржувачи на самопрогонетиот поранешен премиер Таксин Шинаватра сè уште е во својот кабинет, соопштуваат воени претставници и министерот за правда на земјата. Армискиот шеф, генерал Праут Чан-Оча подоцна соопшти дека војската била задолжена за јавната безбедност, поради насилните протести кои предизвикаа жртви и штета. Речиси 30 луѓе се убиени од почетокот на протестите во ноември минатата година.
XS
SM
MD
LG