Достапни линкови

САД бара повлекување на руските војници од границата со Украина


САД и НАТО соопштија дека не забележале никаков знак на руските војници кои се преместуваат подалеку од границата со Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наредил таков потег. Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека Вашингтон сака да види јасни и цврсти докази за овој потег, пред да донесат каква било одлука. Карни ги повтори претходните тврдења од страна на генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен. Претходно од канцеларијата на Путин изјавија дека било наредено воените сили во близина на границата на Украина да се вратат во своите постојани касарни по завршувањето пролетните вежби. Во меѓувреме, шефот на Генералштабот на вооружените сили на Русија, изјави дека зголемената воена активност на НАТО во регионот не му помага да ги смири тензиите во источниот дел на Украина. Исто така, висок официјален претставник на ОН изрази сериозна загриженост за условите под кои Украинците треба да излезат на гласање на 25 мај.
XS
SM
MD
LG