Достапни линкови

МВР: убиството во Ѓорче Петров е расчистено


Ангел П. роден 1995 година попладнево околу 17:15 часот е убиен во близина на Европската очна клиника во Ѓорче Петров.

Како што информира МВР, убиството е веќе расчитено, а осомничениот убиец е приведен.

Инцидентот се случил откако лицето влегло во куќата на убиениот Ангел и одзело велосипед. Тоа го забележале момчето и татко му поради што почнал да бега. Потоа Анегел и татко му со возило почнале да го бркаат, а кога се доближиле кај насипот на Вардар продолжиле да го бркаат пешки. Ангел прв го стигнал при што дошло до физички контакт меѓу нив во кој бил смртно повреден.

Неофицијално момчето е убиено со два убоди од нож во срцето. Убиениот бил матурант во Средното медицинско училиште. Во скопската населба Ѓорче Петтров е тензично.
XS
SM
MD
LG