Достапни линкови

Груевски доби мандат да формира нова влада


Никола Груевски

Никола Груевски

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска му го врачи мандатот за формирање влада на Никола Груевски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, која освои најмногу пратенички места на неодамна одржаните вонредни парламентарни избори. Според Уставот, мандатарот од партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, треба да биде избрана во Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, најдоцна на 16 јуни.
XS
SM
MD
LG