Достапни линкови

logo-print

Повеќе земји од ЕУ со помош за Србија и за БиХ


Евро-комесарот за хуманитарна помош Кристалина Георгиева, изјави денеска во Брисел дека досега 14 земји членки на Европската Унија се одзвале на барањето за помош на поплавените во Србија и во Босна и Херцеговина. Тие испратиле хеликоптери, чамци, пумпи за црпење вода и друг вид опрема и материјали. Георгиева додаде дека по првичните акции за спасување животи, сега ќе следи период на санирање на последиците од поплавите, како и надминување на проблемите со загаденоста на водата за пиење.
XS
SM
MD
LG