Достапни линкови

logo-print

Москва ќе ги преиспитува односите со НАТО и ЕУ


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека односите на Русија со Европската Унија и НАТО треба сериозно да се преиспитаат поради кризата во Украина. Лавров денеска во Москва имаше средба со шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак. Инаку, за денеска во Брисел е најавена прес конференција на генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, во врска со кризата во Украина. НАТО ја осуди руската анексија на Крим и ја обвини Москва дека не превзема мерки за деескалација на тензиите во источна Украина.
XS
SM
MD
LG