Достапни линкови

Адвокатите на Младиќ во Хаг тврдат дека нема докази против него


Адвокатите на Ратко Младиќ денеска ја започнаа одбраната на поранешниот воен лидер на босанските срби пре Меѓународниот суд за воени злосторства во екс Југославија. Младиќ се соочува со 11 обвиненија, вклучувајки и геноцид и злосторства против човештвото за време на војната во Босна и Херцеговина. Бранителите на Младиќ тврдат дека нема доволно докази против него. Младиќ беше уапсен во 2011-та година, кога беше пренесен во Хаг, а процесот против него започна во мај 2012-та. Инаку, тој одби да да сведочи во процесот против Радован Караџиќ.
XS
SM
MD
LG