Достапни линкови

Коментари за евроинтеграциите и спорот за името


Најголем дел од коментарите на нашата веб страна во изминатата недела има за саботната емисија посветена на евроинтеграциите и спорот со името со Грција.

Одлична анализа со погодени болни точки. Точно е дека спорот со името е наметнат. Уште поточно е дека ништо не се прави тоа да се надмине. А најточно е дека и доколку проблемот со името не постоеше, повторно ќе имаше проблеми бидејќи Македонија назадува буквално по сите критериуми на ЕУ.
Спорот за името е како МАГЛА, создаден од сите гарнитури на власт во Македонија, од неа ништо друго не гледате - ниту становите на Бонева, ни празните музеи на Канчевска, ниту пошти што горат, ниту кирии од 5000 евра.

Ова го напишал Ламбе од Скопје во врска со подолгата анализа на колешката Марија Тумановска за тоа дали спорот за името е пречка за нашите евроинтеграции или само изговор на власта да не ги спроведе реформите во судството, да не се бори ефикасно против корупцијата, да не ги партизира институциите, да нема слобода на медиумите - забелешки што се повторуваат во секој извештај на ЕУ за напредувањето на земјава кон европските стандарди. Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.



Миле од Охрид настапува со своите веќе познати тврдења дека името не било пречка за нашето приближување кон ЕУ туку уцените и блокадите од нејзината бирократска структура и поддржувачите на шовинистичките политики на таа структура во земјава, како што напишал. Редовниот Пиле смета дека оваа власт не сака членство во ЕУ и во НАТО зашто „не сака никој да се меша во поставувањето функционери со криминално минато, сакаат селективна примена на законите, а членството во ЕУ е само мисловна именка која се користи за манипулации со подпросечно образованиот осиромашен и разочаран од економската состојба електорат“.

Јове од Битола вели: Спорот за името е како МАГЛА, создаден од сите гарнитури на власт во Македонија, од неа ништо друго не гледате - ниту становите на Бонева, ни празните музеи на Канчевска, ниту пошти што горат, ниту кирии од 5000 евра...

Ставовите во колумната на Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија, испратена за нашата рубрика младинска он-лајн колумна, во која тој ја критикува власта на ДПМНЕ дека поради нејзините лоши политики Македонија сe повеќе се оддалечува од патот по кој заоди во ноември 2005-та добивајќи кандидатски статус, добија поддршка од повеќемина наши читатели.

Мкмлад му пишува дека треба да го издржи налетот кодошки, ќе помине сe, вели, а Цоле го поддржув велејќи дека младите се тие кои треба да се ослободат од стегите на системот и партиските татиња, покажувајќи смелост и креативност. Цеце напишала: Момче, само напред!
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG