Достапни линкови

Кина ги евакуира своите државјани од Виетнам


Два кинески брода пристигнаа во Виетнам за да ги евакуираат кинеските работници од таа земја, по насилните нереди поради територијалниот спор во Јужно Кинеско Море. Двајца кинески работници беа убиени, а 140 повредени во нападите и нередите во Виетнам. До протестите дојде откако Кина почна да поставува голема платформа за вадење нафта во дел од водите на Јужно Кинеско Море, на кое претендира и Виетнам. Двете земји испратија бродови во тој дел од морето, каде што растат тензиите. Над 3 илјади кинези веќе си заминаа од Виетнам, а се очекува да бидат евакуирани уште 4 илјади.
XS
SM
MD
LG