Достапни линкови

Македонија ќе ја испрати помошта за Србија и БиХ


Поплавите во Обреновац во Србија

Поплавите во Обреновац во Србија

Конвој камиони со помош донирана од граѓаните на Македонија ќе замине за поплавените подрачја во Србија и во Босна и Херцеговина. Во централниот магацин на Црвениот крст до 17 часот биле пристигнати околу 20 тони храна, 10 тони средства за хигиена, 60 илјади литри вода, 1000 ќебиња, еден тон бебешка храна, три тона млеко, десет тона облека и 1000 пара обувки.
Доставувањето помош ќе продолжи и во наредните денови. Се очекува во среда и во петок да бидат испратени уште по два шлепера.
XS
SM
MD
LG