Достапни линкови

logo-print

Стотици луѓе во БиХ останаа без домови поради лизгање на земјиштето


По обилните дождови и поплавите во Босна и Херцеговина се регистрирани околу 300 свлечишта. Речиси една третина од територијата на БиХ, пред се североисточниот дел на земјата, наликува на езеро од кал.

Според босанските власти околу еден милион луѓе или над една четвртина од земјата живее во најпогодените зони. Селото Хорозовина во близина на Тузла е поделено на два дела поради лизгањето на земјитштето. Во свлечиштето уништени се осум куќи, а над сто се под закана.

Реоните долж реката Сава се под вода, а на некои места нивото на водата се зголемува. Стотици луѓе беа спасени со хеликоптери од поплавените градови и села.
XS
SM
MD
LG