Достапни линкови

logo-print

Вучиќ: Да бидеме максимално внимателни, најголема опаснот сега е Сава


Премиерот на Србија Александар Вучиќ оцени денеска дека ситуацијата со поплавите бара да се „биде максимално внимателни во следните два дена“ и оти најголема опасност сега е реката Сава.

– Крајот не е ниту близу, но денеска имаме повеќе надеж отколку вчера, изјави премиерот на седница на републичкиот штаб за вонредни ситуации. Наведе дека до среда ќе мине еден бран од поплавата и оти треба да се „одбраниме и да го искористиме времето за подобро да се подготвиме и заштитиме“.

Толкава количина врнежи се случува еднаш во илјада години, рече премиерот.

На седницата беше речено дека нивото на Сава кај Шабац е 660 сантиметри што е за еден метар повисоко од историскиот максимум и оти ефикасно може да се брани до 680 сантиметри, но тешко дека нешто ќе може да се направи над тоа ниво.

Вучиќ им се заблагодари на државите и луѓето од светот кои и помогнаа на Србија, на ЕУ, САД и сите држави од регионот.
XS
SM
MD
LG