Достапни линкови

Петмина загинати во поплавите во Србија


Пет луѓе ги загубиле животите во поплавите во Србија, над 24.000 се евакуирани, изјави денеска шефот на Службата за вонредни ситуации во Србија Предраг Мариќ.

Тој нагласи дека официјално е потврдена смрт на пет луѓе, меѓу кои и еден спасувач, а уште еден човек се смета за исчезнат.

Се претпоставува дека таа цифра може да биде повисока, но тоа ќе биде познато откако ќе се намали нивото на водата во поплавените региони. Мариќ додаде дека се поплавени над 2.200 објекти, а уште 1.700 се под закана од поплавување
XS
SM
MD
LG