Достапни линкови

logo-print

Поплави во БиХ - За Маглај итно потребни лекови и медицински материјал


На жителите на Маглај и на околни села итно им се потребни лекови. Општината Маглај на 120 км. северно од Сараево е една од општините во БиХ која во изминативе денови најмногу беше погодена од поплавите и поради тоа во градот недостигаат голем, број лекови, медицинска опрема и материјал.

Помошникот министер за безбедност во БиХ Самир Агиќ изјави дека моментно најтешка е ситуацијата во подрачјето на Шамац, Орашје, Брчко и Бијелина. Ангажирани се три хеликоптерски единици за поддршка и помош, додека уште осум чекаат на наредби за извршување задачи.

Водостојот на реката Босна синоќа бил 630 сантиметри кај Добој што е за пет сантиметри пониско ниво од попладневните часови.Водата од градот полека се повлекува, но и понатаму нема струја и вода за пиење, објавија босански медиуми.

Ситуацијата во Грачаница и понатаму е критична. Во тоа подрачје постојат повеќе од 300 регистриани места каде може да има појава на лизгање на земјиште.
XS
SM
MD
LG