Достапни линкови

Северна Кореја се извини за уривањето на зградата


Властите на Северна Кореја денеска се извинија за несреќата со уривањето на станбената зграда во Пјонгјанг при што загинаа стотици лица. Несреќата се случи во вторникот, но медиумите во Северна Кореја дури денеска тоа го соопштија. Засега познато е дека во недовршената здграда од 23 ката биле вселени 93 семејства. Агенциите јавија дека несреќата се случила поради лошиот надзор врз изградбата.Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините .
XS
SM
MD
LG