Достапни линкови

КримскитеТатари го откажаа собирот за депортирањето


Татарите во Крим се откажаа од одржувањето на церемонијата во чест на 70 годшнината од нивното депортирање од Сталин. Организацијата Кримски Татари ја објави одлуката по еден ден откако властите на Крим ги забранија сите јавни собири до 6 јуни, наводно, поради немирите во југоисточниот дел на Украина.Оргнизацијата ги повика Татарите да одржат собирања на други локации и во религиозните центри.Секоја година десетици илјади лица се собираа на митингот во Симферопол, на одбележувањето на 18 мај, денот кога во 1944 година советските власти почнаа да ги депортираат Кримските Татари во Централна Азија.
XS
SM
MD
LG