Достапни линкови

Помош за Србија од регионот, ЕУ, САД


Во Србија за помош против поплавите пристигнаа спасувачки тимови од Русија, ЕУ и држави од регионот, а парична помош испратија и САД и Еулекс.

Од Црна Гора и Македонија во Србија синоќа пристигна помош за загрозените во поплавите, соопшти српското МВР.

Од Колашин пристигнаа два камиона со вода, а од Беране 10 припадници на тимови за спасување со возила, чамци и товарни возила со прехранбени артикли. Црна Гора испрати и ќебиња, вреќи за спиење и облека.

Помош е пристигната и од Македонија – два камиона со 46 тони вода за пиење и 200 килограми средства за дезинфекција, моторни чамци, пластични чамци, агрегати за струја, мултифункционални дизел пумпи и спасувачки тим, се вели во соопштението од српското МВР.

Два камиона со хуманитарна помош испратија и од Еулекс.

Од Руската Федерација пристигнаа 76 спасувачи со опрема, специјални возила и хуманитарна помош.

Во Србија пристигнати се 20 словенечки спасувачи со пумпи со висок капацитет ангажирани за испумпување вода од ТЕ во Обреновац. Од Словенија испратен е и хеликоптер со екипаж.

Десет припадници на Цивилната заштита од Хрватска, како и неколку други спасувачки тимови.

Од Германија е пристигнат тим од 15 спасувачи од каде деенска се очекува и хеликоптер. Во спасувачки операции во Сремска Митровица се испратени 57 лица од спасувачки тимови од Австрија.

Во Обреновац има спасувачки тим од Унгарија и хеликоптер со екипаж. Чешка испрати два хеликоптера и тим за спасување ангажиран во Лазаревац.

Франција испраќа 40-член тим за спасување.

САД донираа 100.000 долари. Од Унгарија е пристигнат и приватен хеликоптер ангажиран во Обреновац.

Бугарија испрати две противпожарни возила како и пумпи и моторни чамци. Помошта од Бугарија е пристигната во Јагодина
XS
SM
MD
LG