Достапни линкови

Плевнелиев: Софија е подготвена за историски договор со Скопје





По изјавата на претседателот Горѓе Иванов, кој изрази подготвеност за унапредување на односите со Бугарија бугарскиот шеф на државата, Росен Плевнелиев му пиша писмо на македонскиот колега во кое најави готовност за брза разрешница на недоразбирањата меѓу двете држави.

„Со задоволство го примив Вашиот предлог, Декларацијата на премиерите од 1999 година да биде трансформирана во Договор за добрососедство и соработка. Убеден сум дека со доследното почитување на одредбите од тој договор, нашите две држави ќе покажат политичка волја да бидат заедно дел од големото европско семејство, споделувајќи ги вредностите на демократијата“, се вели во писмото од Плевнелиев до Иванов.
Плевнелиев изразува надеж дека во најкус можен рок, веднаш по формирањето на новата влада на Македонија ќе биде одржана средба за прецизирање на техничките елементи од Договорот и за спроведување на соодветните внатрешнополитички процедури за да биде организирано неговото потпишување во Софија.
XS
SM
MD
LG