Достапни линкови

Украина - нови мировни разговори, без сепаратистите


Украинската влада одржа втора рунда мировни разговори чија цел е смирување на кризата во југоисточниот дел на земјата. На разговорите во североисточниот дел на Харков не учествуваа сепаратистичките лидери. Украинскиот премиер Aрсениј Јаценјук изјави на состанокот дека неговата влада е подготвена да даде широки овластувања за регионалните администрации, но оти никогаш нема да дозволи растурање на земјата. Разговорите се дел од препорaките на ОБСЕ за смирување на тензиите во пресрет на претседателските избори во Украина на 25 мај . Руското Министерство за надворешни работи го обвини Киев дека разговорите ги користи за да ја прикрие агресивната акција на југоисток. Минстерството соопшти дека украински војници се обиделе преку ноќ да упаднат во градот Словјанск користејќи воздушна поддршка и тешка артилерија.
XS
SM
MD
LG