Достапни линкови

Геј-парада во Молдавија



На денешниот марш за правата на хомосексуалците што се одржа во централниот дел на Кишињев учествуваа околу 100 луѓе . Православните групи беа меѓу организаторите на контрапротестот,чии учесници се потсмеваа на демонстрантите. Големото присуство на полицијата спречи демонстрантите да го попречат маршот, на кој, исто така, присуствуваа поддржувачи од Русија и Белорусија, како и од шведската и од американската амбасада во Кишињев. Неколку демонстранти се приведени. Ова е трет пат геј-парада успешно да се одржа во Молдавија. Останатите обиди беа или забранети од властите или растурени од демонстрантите.
XS
SM
MD
LG