Достапни линкови

Вонредно и во Хрватска долж реката Сава


Поради континуирано зголемување на водостојот на реката Сава кај Славонски Шамац ноќеска е прогласена вонредна ситуација на подрачјето на Бродско-посавската жупанија во Хрватска.

На удар на водениот бран на Сава се најде Славонски Брод каде денеска исто така се очекува прогласување вонредна ситуација, јавуваат хрватски медиуми.

Водостојот на реката Сава утрово беше 905 сантиметри што е за 20 сантиметри повеќе од досега највисокото ниво.

- Од ноќеска на сила се вонредни мерки за одбрана од поплава, на располагање се ставени единици на цивилната заштита како и тимови, механизација и опрема за градските фирми.Водостојот на Сава кај Жупањ е 1.159 сантиметри, повеќе од досега рекордното ниво за 1,20 метри
XS
SM
MD
LG