Достапни линкови

Иранските нуклеарни разговори завршија без напредок


Три дневните разговори меѓу Иран и шесте светски сили за контроверзната нуклеарна програма на Техеран завршија без напредок. Иранскиот преговарач, заменик министерот за надворешни работи Абас Aрачи вчера рече дека разликите се премногу големи за да почне изготвувањето на конечниот договор. Aрачи сепак се надева оти конечен договор може да се постигне до 20 јули кога е крајниот рок. Висок американски официјален претставник изјави дека разговорите ќе продолжат следниот месец. САД, Кина, Русија, Велика Британија, Франција и Германија бараат Иран да ги ограничи нуклеарните активности во замена за укинување на економските санкции.
XS
SM
MD
LG