Достапни линкови

logo-print

Источна Украина - Туртурата, ново оружје на проруските сепаратисти


Додека украинските сили се обудуваат да ја преземат власта во источна Украина, про-руските бунтовници водат подземна војна. Во таа војна, тортурата стана нивното главно оружје.

Олексанадр Хурков знаеше дека е во неволја откако го симна сепаратистичкото знаме од владината зграда во неговиот град во источна Украина, Новохрадовк. Одмаздата беше брза и немилосрдна.
Јас ова не би го нарекла изолирани инциденти, дефинитивно може да видиме оти има шема.


Две недели подоцна, 36-годишниот рудар се наоѓа во болница во Киев со фрактура на вилицата, скршен нос и напукнати ребра.

Хуров вели дека неговите напаѓачи го нарекувале „предавник“ и се обиделе да му ја симнат тетоважата на неговото рамо на која пишувало Слава на Украина.

Ужасната приказната на Хуров е само една од повеќето слични во источна Украина, каде про-руските сепаратисти се обвинети дека вршат киднапирања и тортура за да ја зацврснат контрола во овој регион.
Луѓето ги тепаат, а потоа ги дисциплинираат. Им се забранува да го користат зборот „Украина“, да зборуваат украински, и им се кажува, тоа е сега Русија. Потоа ги носат заробениците во периферијата на градот и ги пуштаат на слобода.


Тие сè почесто замаат заложници, а на мета им се локални функционери, украински активисти, новинари, странските набљудувачи, хуманитарни работници и сите оние кои ги критикуваат самонаречените народни републики.

Киднапирањата се чини дека стануваат систематски.

„Јас ова не би го нарекла изолирани инциденти, дефинитивно може да видиме оти има шема“, вели Ана Неистат од Хјуман Рајтс Воч, која неодамна допатува во регионот Доњецк за да ги испита киднапирањата. Секој ден добивав извештаи за уште едно киднапирано лице или ослободено откако било тепано и мачено, вели таа.

Хјуман Рајтс Воч проценува дека во моментов бунтовниците држат повеќе десетици луѓе.

Антон, поранешен сепаратистички милитант, ги потврди овие тврдења во интервју за Радио Слободна Европа. 25-годишниот Антон, кој поради страв од одмазда го кажа само своето име, вели дека побегнал кога ги видел малтретирањата во зградата во Доњецк која е седиште на про-руските сепаратисти.

„Луѓето ги тепаат, а потоа ги дисциплинираат. Им се забранува да го користат зборот „Украина“, да зборуваат украински, и им се кажува, тоа е сега Русија. Потоа ги носат заробениците во периферијата на градот и ги пуштаат на слобода“, раскажува Антон.

Меѓутоа има и такви кои не го преживеале ова искуство.

Минатиот месец, беа пронајдени телата на двајца мажи во реката во близина на источниот украински град Славјанск. Еден од нив беше идентификуван како Володимир Рубек. Тој бил киднапиран среде бел ден откако се обидел да го симне сепаратистичкото знаме.

Симон Островски е американски новинар кого сепаратистите три дена го држеле во притвор во Славјанск. Тој вели дека видел десетина други затвореници кои биле држени во подрумот на градската зграда, што тој го нарекува црна дупка, во која многу луѓе исчезнале без трага.

Како и повеќето други заложници, Хуров кажува дека бил киднапиран сред бел ден од група добро вооружени, маскирани мажи.

Тој бил однесен заедно со пет про-украински колеги активисти и уште неколку други лица, откако се собрале на 4 мај во Киев за да ги разгледаат начините како да ги истераат сепаратисти од нивниот град.

Тој тврди дека неговите колеги биле мирољубиви и главно фокусирани на отстранување на сепаратистички знамиња од згради.

Активистите биле ставени во комбе и однесени во регионалната зграда на Советот во Доњецк – 11-катница која моментално служи како седиште на Народната Република Доњецк.

Зградата која е опкружена со барикади и бодликава жица, стана озлогласена по претепувањето на испитаниците кои наводно се случуваат на петтиот и на шестиот кат.

Хуров вели дека неговите киднапери го однеле на петтиот кат. Тој вели дека таму бил постојано тепан и малтретиран со закани за смрт. Бил ослободен следниот ден, наводно, во замена за заробени сепаратисти.

Според Антон, поранешниот сепаратист, мажите кои работат на петтиот и шестиот кат се од источна Украина. Тој вели дека тие имаат добри вештини на испрашување што укажува дека имале искуство во спроведувањето на законот и во разузнавачките служби. По бегството, Антон стравува од одмазда од своите поранешни колеги.

Хуров исто така натаму стравува за својот живот и животот на сопругата и детето поради заканите што ги добива во Киев. Тој не планира да се врати во источна Украина. Во врска со плановите за во иднина, тој вели дека по излегување од болница има две работи на кои ќе им се посвети. Првата е да ја продолжи борбата за обединета Украина, а втората е да ја врати неговата тетоважа.

„Ветувам дека ќе биде уште поубава од порано“, вели тој.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG