Достапни линкови

Сепаратистички лидер ослободен во Источна Украина


Про-руските сепаратисти ослободиле сепаратистички лидер кој бил фатен од украинските безбедносни сили на руската граница. Валериј Болотов самопрогласен гувернер на самопрогласената Луханск Народна Република бил приведен од украинските граничари денеска кога се враќал во Луханск од Русија. По ова најмалку 100 вооружени лица го нападнале граничниот премин и размениле оган со украинските граничари, по што Болотов бил ослободен.

Инцидентот се случи во пресрет на мировните разговори во Харков со цел смирување на кризата во Украина.
XS
SM
MD
LG