Достапни линкови

Нивото на Сава на историски рекордно ниво


Илјадиници луѓе се погодени од поплавите во Србија, евакуирани се преку 4.000, а во Обреновац има се уште граѓани чија целосна евакуација денеска е приоритет.

Водостојот на реката Сава кај Сремска Митровица расте по околу четири сантиметри во еден час и реката во тој град има рекордно - историско ниво од 848 сантиметри, јави Танјуг.

– Досега нависокото регистрирано ниво на Сава е 801 сантиметар, а од утрово е 848. Градскиот штаб донесе одлука кога водостојот ќе достигне ниво од 851 сантиметар да се евакуираат жителите од пониските делови од градот, изјави потпретседателот на покраинската Влада Горан Јешиќ .. Во текот на ноќта биле поставувани вреќи со песок за да направат насипи и да се спречи поплавување.
XS
SM
MD
LG