Достапни линкови

logo-print

Мировни разговори во Харков


Нова рунда разговори на тркалезна маса кои треба да ја смират кризата во источна Украина се закажани за денеска во североисточниот град Харков. Владата на Украина ја одржа првата тркалезна маса на 14 мај во Киев. Владини претставници, поранешните лидери, и пратениците учествуваа во разговорите, но немаше претставници на про-руските сепаратисти. Владата смета дека сепаратистите треба прво да го положат оружјето. Сепаратистите не сакаат да учествува во разговорите додека владата не ги повлече своите војници од источна Украина. Разговорите на тркалезна маса се дел од препоарките на ОБСЕ за смируавње на тензиите во Украина.
XS
SM
MD
LG