Достапни линкови

Крим ги забрани јавните собири


Лидерот на Крим Сергеј Аксјонов ги забрани сите јавни собири во Крим до 6. јуни. Аксјонов како причина за својата одлука ги наведе насилствата во југоисточниот дел на Украина. Кримските Татари планираа да одржат митинг во главниот град Симферопол на 18 мај, денот на Советската депортација на Татарите во 1944 година. Повеќе од 200 илјади лица починаа за време на депортирањата . Рефат Кубаров претседателот на Кримските Татари рече дека денеска ќе одлучат какви мерки ќе преземат, но тој предвиде дека многу Татари најверојатно ќе ја игнорираат забраната. Рускиот претседател Владимир Путин се состана со претставниците на Кримските Татари во Сочи и рече дека Русија ќе ги подобри нивните животи.
XS
SM
MD
LG