Достапни линкови

И понатаму критично со поплавите во Србија


Помош за Србија поради поплавите упатија осум држави членки на Eвропската унија, Русија, САД, Израел, Хрватска и Македонија, а активирана е и српската дијаспора, јави Танјуг.

ЕУ го активира механизмот за заштита по барање од Србија заради исклучително критичната состојба со поплавите во државата, а во прв одговор реагираа Франција, Словенија, Бугарија, Германија, Унгарија, Австрија, Чешка и Хрватска.

Досега според информации од властите, евакуирани се повеќе од 15.000 луѓе, но останува критична ситуацијата во Шабац.

Без струја се 13 општини со околу 80.000 домаќинства во Србија. Поплавени се најмалку 1.600 објекти, а загрозени се најмалку уште 1.500, соопшти МВР на Србија.

Околу 4.000 луѓе досега се авакуирани од српскиот град Обреновац. Началникот на Секторот за вонредни ситуации Предраг Мариќ рече дека не е можно да се предвиди кога ќе биде завршена евакуацијата бидејќи ситуацијата е исклучително тешка.
XS
SM
MD
LG