Достапни линкови

logo-print

Неделници - постконгресни сценарија во СДСМ


За неделниците се интересни постконгресните разврски и сценарија во СДСМ. Тие пишуваат за судири меѓу „заевистите“ и „бранковистите“, за Операција - Аболиција 2, за поинаква перцепција на изборниот пораз.

Конгресот на СДСМ и случувањата околу и на него беа интересни, ама за неделниците се интересни и постконгресните разврски и сценарија.
Прашањето е дали социјалдемократите ќе се консолидираат или ќе продолжат внатрепартиските судири меѓу „заевистите“ и „бранковистите“, чија пресметка не го доживеала своето крешчендо?


Фокус - Поделениот СДСМ пред обединување или пред расцеп

Фокус поставува дилема: „Поделениот СДСМ пред обединување или пред расцеп“, за потоа да напише: „Веќе јасно е исцртана линијата на фронтот меѓу поддржувачите и противниците на старо-новото раководство на најголемата опозициска партија. Но сега, прашањето е дали социјалдемократите ќе се консолидираат или ќе продолжат внатрепартиските судири меѓу „заевистите“ и „бранковистите“, чија пресметка не го доживеала своето крешчендо?“, оди со тврдење Фокус засновано врз мислења на луѓето блиски до Црвенковски дека можеби ќе се појави конфликт на нова линија - судир во дуото што ја води партијата, Заев и Шекеринска. Macedonia - SDSM party congress, 11 May 2014.

Macedonia - SDSM party congress, 11 May 2014.



Република - Операција „Аболиција 2“
Актуелниот лидер бил спасен само затоа што спасителот оценил дека „не е вистинско време за враќање на престолот. Ќе го чека вистинскиот момент или некаква криза, како и секогаш.

Република застапува теза дека „Пировата победа на Заев на партискиот конгрес го засени катастрофалниот пораз на парламентарните избори“ и дека „Операцијата „Аболиција 2“ требаше вторпат, во само шест години да го спаси истиот лик. Како и при првата божја или папска интервенција со која новиот лидер го избегна најлошото, и сега спасителот беше еден екслидер, кој е сè само не екс... Секоја чест за Б.Ц., овој пат се надмина и себеси и холивудските сценаристи, велат во кулоарите на Бихаќка“, ја префрла топката Република за своите констатации. Оттука неделникот извлекува заклучок дека актуелниот лидер бил спасен само затоа што спасителот оценил дека „не е вистинско време за враќање на престолот. Ќе го чека вистинскиот момент или некаква криза, како и секогаш“, тврди неделникот.

Глобус - Победата над режимот не е трка на 100 метри

„Победата над режимот не е трка на 100 метри, туку повеќе еден неизвесен стиплчез“, ја насловува Глобус својата анализа на истата тема: постизборни и постконгресни ситуации. Неделникот забележува дека барањето одговорност во СДСМ за изборните порази се поставува од некои актери како дел од некаква шема, која општеството и процесите во него ги гледа статично. Како во трката на 100 метри - ако истрчате под 10 секунди, излегувате од тимот... Но, ние имавме и тркач кој имаше и добри и лоши резултати во изминатите 23 години и кој не си заминуваше секогаш кога трката завршуваше лошо. Ама, ако заминеше после поразот во 1998 година, можеби немаше да дојде до победата во 2002 година?“, алудира Глобус на поразот на СДСМ на Црвенковски, завршувајќи со заклучокот дека секој изборен пораз заслужува и поинаква, актуелна перцепција и дека треба да се напушти шемата со трката и со 10-те секунди...
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG