Достапни линкови

logo-print

Театарче „Лево ќоше"


Стефан Богоев, претседател на СДММ.

Стефан Богоев, претседател на СДММ.

Кај нас, имаме глумци во обид со веќе видено сценарио кое малку варира од година во година и една па иста досадна приказна. Единствено од нас, зависи уште колку чина ќе има оваа фалсификаторска и аматерска претстава. Јажето е во наши раце, се што треба да направиме е да ја спуштиме завесата, пишува Стефан Богоев, претседател на Социјал-демократска младина на Македонија, во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Веќе неколку години по ред, државата ни е претворена во класично театарче. Велам театарче бидејќи за да биде театар, треба да има професионални глумци со перфектно скоцкано сценарио и приказна. Кај нас, имаме глумци во обид со веќе видено сценарио кое малку варира од година во година и една па иста досадна приказна.
Како што е добро познато дека за танго се потребни двајца така и во овој случај. Двајца актери во главните улоги, но и една споредна улога која беше навистина добро одиграна бидејќи глумецот веќе 5 години ја вежбаше.


Овој пат на репертоарот, како што веќе најавив во една моја претходна колумна, беше претставата наречена „Консензуален кандидат". Како што е добро познато дека за танго се потребни двајца така и во овој случај. Двајца актери во главните улоги, но и една споредна улога која беше навистина добро одиграна бидејќи глумецот веќе 5 години ја вежбаше.

Сижето на претставата започнува со таканаречена „На ти го, дај ми го" тактика, добро испраксирана и увежбана низ годините од страна на двајцата главни актери. Едниот од нив, оној со побелената вентилатор фризура, во негов добро познат стил го започнува првиот чин од претставата со својата стандардна реторика, „Или ќе биде по наше, или воопшто нема да биде". Во меѓувреме, театарчето преполно! Овации од публиката која по којзнае кој пат ја гледа оваа претстава и се уште се воодушевува на цврстата и националистичка реторика. Стапува на сцена вториот главен актер во претставата. Не, овој пат не е во улогата на боксер како што се навикнавме да го гледаме на сцената, но сепак за задоволство на публиката која го скандира неговото име е спремен да подели по некој политички бокс на другиот главен актер. Ситуацијата на сцената станува жешка, а сето тоа се рефлектира и кај публиката. Дофрлања од едната кон другата страна, особена кај оној дел од публиката која е вљубеник во спортското навивање или возењето по автобуси. Завршува првиот чин!

Почеток на вториот чин! На сцената се игра финиш на изборна кампања и изборен ден. Чин во кој се вклучува споредната улога, инаку приватно добар пријател со Жак Ширак и Обама. Ја воодушевува публиката со своите бисери на мудроста кои ги реди еден по еден. Пристапува на сцена главниот актер со седата коса. Се обраќа на публиката со огромна доза на негодување спрема оној со споредната улога, вели не бил консензуален. Дел од публиката се согласува, останатиот дел вели „абе каков консензуален, види колку е смешен и послушен“ што би се рекло, „народен е". Тензијата помеѓу актерите расте и се пренесува и кај публиката. Чинот завршува со изборниот ден на кој поради пикник не присуствува актерот со седата коса, инаку голем љубител на „ватрено“ оружје.
На масата се игра „Монопол" во кој наместо хотели и куќи се делат министерства и јавни претпријатија. Дел од парите во играта се кеш, другите жирално.

Чин трети! Вториот изборен ден и кампањата се на сцена. Полека но сигурно, почнува да спласнува тензијата помеѓу главните актери. Споредниот актер го нема повеќе на сцената, во соблекувалната реди Лего коцки и вози Бураго колички додека главна тема на сцената е бројот 62. Инаку, овој број се користи од страна на главниот актер, по хоби тендерџија, како број кој симболизира непобедливост и доминација. Публиката е повторно воодушевена, особено оние вработените во државниот сектор. Привршува чинот со изборниот ден со пригодно дефиле на неколку постари мажи и жени од Пустец.

Четврти чин! Постизборно расположение, а на сцената двајцата главни актери, прилично блиски, прилично среќни, седнати во барокен кабинет. Со две чаши за виски, полни со леден чај од праска наздравуваат. На масата се игра „Монопол" во кој наместо хотели и куќи се делат министерства и јавни претпријатија. Дел од парите во играта се кеш, другите жирално. Актерот со споредната улога, е избран да биде уште 5 години споредна улога, а другите двајца, боксерот и вентилаторот во главните улоги и во наредните 4 години…

Во меѓувреме, на едно друго место, во исто време, различните ставови, мислења и идеи се споделија и на крајот победи демократијата. Понатаму, се чека на единството.

Наравоучение: Верувам дека најголем дел од сите нас сме во оној дел на публиката кој седи позади во мракот и воопшто не реагира на потезите на главните актери кои започнаа поделени со бројката 62, а завршија сплотени со бројката 69. Единствено од нас, зависи уште колку чина ќе има оваа фалсификаторска и аматерска претстава. Јажето е во наши раце, се што треба да направиме е да ја спуштиме завесата.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG