Достапни линкови

Македонија испраќа помош во Србија и Босна


Владата на Република Македонија на денешната седница одлучи да испрати 75 специјалисти за поплави од министерствата за внатрешни работи и одбрана и од Дирекцијата за заштита и спасување, 45 пумпи за испумпување на вода, 35 агрегати, девет чамци, 3.000 ќебиња и поширока палета на лекови, како првична помош за Србија и за Босна и Херцеговина во справувањето со последиците од поплавите.

Одлуката е донесена веднаш по добивањето информација од страна на Европската цивилна заштита дека Србија и Босна и Херцеговина побарале да ги известат сите земји-членки дека им е потребна помош.
XS
SM
MD
LG