Достапни линкови

СДСМ ќе го тужи Собранието на Македонија


СДСМ најави тужба до Управниот суд против Собранието на Република Македонија за, како што се наведува, насилното верификување на мандатите на кандидатите за пратеници од опозицијата.

„Тужбата ја поднесуваат сите кандидати за пратеници кои со изјави на нотар се откажаа од пратеничките мандати. Од Управниот суд бараме поништување на донесената противзаконска и противуставна одлука на Собранието за верификација на мандатите, рече портпаролот Петре Шилегов на прес-конференција.

Според СДСМ, Собранието го повредило уставното право на избор на кандидатите за пратеници од опозицијата, а со верификацијата на мандатите свесно ја загрозиле егзистенцијата на тие луѓе.
XS
SM
MD
LG